Skip to main content

Мартин најбрз на МотоГП спринтот во Силверстон

Водечкиот во генералниот пласман на Светскиот шампионот во Мото ГП, шпанскиот мотоциклист Хорхе Мартин (Априлија) триумфираше во спринт трката за Големата награда на Велика Британија во Силверстон.

Мартин водеше од првиот до последниот круг и ја мина целта 1,53 секунди пред второпласираниот Јапонец Аи Огуре (Трекхаус), а за 3,97 секунди беше побрза од својот италијански колега Марко Безеки.

Facebook / Jorge Martín Almoguera

Актуелниот светски првак, Шпанецот Марк Маркез (Дукати) потфрли, освојувајќи го деветтото место.

Со денешната победа, Мартин го зголеми своето водство во генералниот пласман, со 220 бодови, 17 повеќе од второпласираниот Огура. Безеки сега е третопласиран со 193 бодови, додека Маркез падна на четвртото место (191).