Skip to main content

Зеленски во Белград: Разговори за европскиот пат на Украина и Србија, меморандум за соработка меѓу двете земји

Српскиот претседател Александар Вучиќ, денеска пред Палата Србија, го пречека украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој е во прва официјална посета на Србија. Предвидени со тет- а-тет средба меѓу двајцата претседатели, а потоа и разговори на делегациите на двете земји.

По пристигнувањето во Белград, каде што пристигна синоќа, Зеленски изјави дека со Вучиќ ќе разговара за проширување на економските врски меѓу Србија и Украина, односите со Европската Унија, други области од заеднички интерес, како и безбедносни прашања.

Вучиќ синоќа изјави дека тоа е можност да се разговора за европскиот пат на двете земји, но и Србија и нејзините традиции да им се доближат на Зеленски и неговата делегација.

Ова е прва официјална посета на Зеленски на Србија откако ја презеде функцијата претседател на Украина. Двајцата лидери претходно се состанаа на меѓународни собири и самити во странство. Зеленски пристигна во Белград три недели по самитот Украина-Југоисточна Европа во Киев, на кој присуствуваше и Вучиќ. Во тоа време, претседателот на Србија не ја потпиша заедничката декларација на учесниците на самитот.сд/

Фото: Икс на Зеленски

Поврзани вести