
Откако минатата недела по повод празникот Илинден, граѓаните на Македонија имаа продолжен викенд кои го искористија да одморат на летните жештини и колку-толку да ги наполнат батериите,добрата вест за дел од граѓаните е што месецов тоа ќе можат да го направат уште еднаш.
Имено, празникот Успение на Пресвета Богородица кој се празнува на 28 август, годинава се паѓа во петок, што значи дека ќе биде продолжен викенд.
Овој ден ќе биде неработен за сите граѓани од православна христијанска вероисповед.
Следен неработен ден за сите граѓани на државата ќе биде 8 септември – Денот на независноста на Македонија.

Македонски


