Skip to main content

Овие 3 знака ќе ги научат најважните животни лекции до 6 јануари 2027 година: Ретроградниот Хирон прво ќе им отвори стари рани, па ќе ги прероди

Ретроградниот Хирон започна на 3 август и ќе трае до 6 јануари 2027 година, а во астрологијата е познат како „ранетиот исцелител“.

Хирон претставува места во нас кои ги носат најдлабоките повреди и најчувствителните точки. Тој укажува на емотивни рани, скриени несигурности и моменти кога се сомневаме во сопствената вредност. Сепак, Хирон не симболизира само болка, туку и процес преку кој, соочувајќи се со своите слабости, учиме, созреваме и стануваме посилни и помудри верзии од себе.

Лав
Најголеми промени ве очекуваат на професионален план. Ретроградниот Хирон покренува прашања за кариерата, статусот и професионалниот успех. Многу лавови првпат сериозно ќе размислуваат за промена на работата, започнување приватен бизнис или барање подобра позиција.

Ако долго сте работеле под своите можности или сте прифаќале помалку одошто заслужувате, сега јасно ќе видите колку тоа ве исцрпувале. Овој транзит ви носи храброст конечно да побарате онолку колку што вредите – без разлика дали станува збор за поголема плата, унапредување или комплетно нов животен правец.

Скорпија
Партнерските односи ќе бидат главна тема наредниве месеци. Хирон ќе ве натера јасно да согледате кој ве поддржува, а кој емотивно ве исцрпува. Многумина првпат ќе постават граници што долго ги избегнувале.

Ако сте во врска, ве очекуваат искрени разговори кои можат да ви го направат односот многу поквалитетен. Ако сте слободни, ќе престанете да одбирате партнери кои ве потсетуваат на старите емотивни навики. Ова е период на созревање и учење дека љубовта не мора да боли за да биде вистинска.

Водолија
Семејните теми и минатото повторно доаѓаат во прв план. Многу припадници на овој знак ќе се соочат со стари семејни приказни кои никогаш не биле разрешени до крај. Можно е смирување со членови на семејството, но и комплетно поинакво разбирање на настани од детството.

Кај некои водолии овој транзит може да донесе реновирање на домот, преселување или одлука конечно да создадат простор во кој ќе се чувствуваат безбедно. Исцелувањето започнува тогаш кога ќе прифатите дека не можете да го промените минатото, но можете да го промените начинот на кој го доживувате.

Поврзани вести