
Се навршуваат речиси шест месеци откако на црната кутија на ДУИ, Артан Груби, му беше определен куќен притвор во случајот „Лотарија“, а од обвинение сè уште нема ни трага ни глас. На 22 август истекува максималниот рок за оваа мерка, а Обвинителството и натаму оди со полжавски чекори, стои во соопштението на ВРЕДИ.
Дали Артан Груби ја отворил устата, пропеал и токму затоа целиот случај се развлекува?
Во меѓувреме, прашина фаќа и прашањето за наводите поради кои Груби заврши на американската црна листа, а јавноста со право прашува дали Обвинителството воопшто постапува.
Нашиот стратешки партнер, Соединетите Американски Држави, го стави Груби на црната листа поради корупција од високо ниво. Според американските власти, тој и судијата Енвер Беџети примиле поткуп за да го извлечат Сашо Мијалков од затвор.
Артан Груби не е кој било поранешен функционер. Тој е црната кутија на ДУИ. Знае кој ги влечеше конците, кој ги склопуваше зделките и во чии џебови завршуваа парите од коцкарскиот бизнис. Затоа Али Ахмети има причина да спие со едното око отворено, а со другото да го следи Груби.
За да му се тргне маката на Али Ахмети и јавноста да добие јасна слика, ВЛЕН бара од Обвинителството да престане да игра криенка со правдата и јавно да каже зошто сè уште нема обвинение во случајот „Лотарија“, каде заглавија постапките и дали воопшто презело нешто по наодите на американските власти

Македонски


