Skip to main content
2Lih9BWXcaU

A можело, а? Обвинителството излезе од дупката

Народее, Чујте и почујте. Обвинителството се разбуди од зимскиот сон. Излезе од дупката. Дрин Ахмети, внукот на досега недопирливиот Али Ахмети мораше да го прекине одморот во Америка и да дојде да даде исказ во Обвинителството за организиран криминал, за кривичната пријава што му ја поднесе МВР уште лани летото. И замислте, Дрин уште во ноември бил повикан да се јави на рапорт, а тој дошол дури минатата недела.Лабаво.

МВР го терети дека не плаќал надомест за концесија за експлоатација на минерални суровини за рудник во близина на Зајас, и со тоа го оштетиле буџетот. Дрин вели дека плаќал туку дека само понекогаш доцнел со уплатите. Koга чичо е на власт е дозволено да се касни и да се земаат тендери.Кога веќе не е, ќе се повикуваме на демократија, или пак обвинителот Ислам Абази на кој на ушка му седеше таткото на Дрин на некоја домашна седенка-се вели во ТВ Колумната „5 минути со Чавез“.

Да не си му во кожа на обвинителот од кого зависи дали Дрин ќе се најде на суд. Од една страна го има два посто обвинителсстовото , а од друга страна друштовото од Зајас кое тежи милиони. Тежок избор.

По Дрин, остана уште еден пациент од фамилијата Ахмети за прибирање во Обвинителството, Гледате дека не е тешко. Стегите на СДСМ ДУИ полека попуштаат. Се се може ако се сака.

Америка доби старо нов претседател. Уште недојден Трамп ја запре војната меѓу Израел и Хамас и донесе мир во Газа. Една војна помалку во светот. Уште да ја запре војната во Украина и целиот свет ќе здивне и што е најважно ќе закрепне финансиски. За нас е најважно е што Трамп ги укина факт чекерите. Проверувачите на факти, т.е одработувачите на СДСМ се нешто тивки во последно време. Нека кого да фактчекираат. Тоа е, нема првада, т.е кеш, нема мир.

Уште како што вети. да ги укине парите за илјадниците невладини, односно опозициски оргаанизации и ќе се изедат меѓу себе. Како се вели мала бара а полна со крокодили.

Како тргнал, министерот за внатрешни работи ќе ги стрпа во затвор сите криминалци и ситни и крупни кои од Скопје направија Колумбија на Балканот. По главните ликови од клановите Беланоца-Барон и Грчец Дуќанчик, падна и Раде Штекли. Откако преживеа неколку атентати ,Штекли се пресели во Шутка каде што му е местото.Таму барем е на сигурно, бидејќи од девете животи, му останаа уште еден или два . А допрва го чека судење.

Бугарија по четири години доби нормална, политичка влада, аko за нив воопшто може да се каже дека некоја влада е нормална. За нас најважно е кој е нов министер за надворешни работи.Тоа е Георг Георгиев, кадар на Герб. За каков кадар станува збор доволно е тоа што кум на Георг е никој друг туку Бојко Борисов. Кумот Бојко го венчаше Георг за убавата тв водителка Виолета Манчева. А колку може да им се верува на двајцата покажува и една изјава на Бојко во која тој вели дека Трамп прашувал за него КВО ПРАИ БОЈКО. Кога се лаже барем да се лаже со усул.

Македонските ракометари повторно ја сплотија нацијата. И старо и младо, и ВМРО и СДСМ навива за момците на Кире. Фалангата е главна во Вараждин кој наликува на македонски град. Но, атмосферата ја расипаа ИХФ и данските судии кои не ни дадоа да ја победиме Холандија и со тоа да се бориме за висок пласмен. Затоа ракометот ќе си остане мал спорт а ИХФ и ЕХФ обично гранапче во однос на ФИФА и УЕФА.

Поврзани вести