Skip to main content

Жељко Самарџиќ вечерва во Антички: Вечер на познати хитови но и стихови кои враќаат спомени

На 8 август во Антички театар во Охрид концерт ќе одржи Жељко Самарџиќ, изведувач кој со својот стил на интерпретација наметна нешто ново на сџената. Неговите песни се певливи, стиховите секојдневни но кај скоро секој слушател разбудуваат нешто – или од сегашноста или од минатото. Затоа што Жељко пее за љубовта а таа е присутна во секој дел од нашиот живот.

Затоа веруваме дека присутните во Антички ќе пеат заедно со Жељко кој „не сака“ да ги потенцира своите гласовни квалитети туку како да сака секоја песна да му ја доближи на секој свој обожавател – и тој да може да ја испее некому со своите емоции.
Предолг е списокот на композиции наЖељко кои оставија трага напоп сцената. Но,за нас воопшто нема да биде изненадување ако како гостинка ја видиме Калиопи и заедно со Самарџиќ ја испее нивната „Знам“ од Ромео Грил. Една посебна мелодија која никого не остава рамнодушен.

Поврзани вести