
Деветнаесетгодишно момче го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што денеска околу пладне се случи на улицата „Радишанска“ во скопската населба Бутел.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека несреќата била пријавена во 12:12 часот.
„Денеска во 12:12 часот е пријавено дека на улицата „Радишанска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б. (46), и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Н.М. (19) од Скопско. Возачот на мотоциклот починал на местото на несреќата“, соопштија од МВР.
На местото на несреќата увид вршат полициски екипи, кои ги утврдуваат околностите под кои дошло до трагичниот настан.

Македонски


