Skip to main content

Синер е добро, ќе биде спремен за УС Опен

Најдобриот светски тенисер Јаник Синер посети болница во Милано, но по се изгледа дека ќе се појави на американската турнеја и повредата не е сериозна. По прегледот тој веднаш се врати во Монте Карло за да ги продолжи подготовките за следните турнири, пред сè Мастерсот во Синсинати и УС опен.

Но, ако се случи влошување на повредата на коленото, можно е откажување. По проблемите со топлината во Париз, Синер направи промена во тренинзите и сега тренира во топлите саати за подобро аклиматизирање.

Синер минатата година во Синсинати беше финалист. Турнирот во Синсинати се игра од 13 до 23.август

Поврзани вести