
Досега немаме добиено извештаи за нелегални преминувања на мигрантите, кои масовно влегоа во Сеута, кон континентална Шпанија, изјави денеска портпаролот на ЕУ, цитиран од британските медиуми.
Разбравме од шпанските власти дека досега нелегалните преминувања кон континентална Шпанија и Европа се успешно спречени, изјави портпаролот на прес-конференција.
На крајот на јули, околу 72.000 мигранти влегоа во шпанската енклава Сеута од Мароко по копно и море во најмасовното преминување на границата во поновата историја на градот. Мадрид наведува дека околу 69.500 од оние што пристигнале оттогаш се вратиле во Мароко. Многумина изјавија дека ја напуштиле Сеута затоа што им недостасувала храна и засолниште и откако дознале дека не можат да продолжат кон континентална Шпанија.

Македонски


