Skip to main content

Португалија заплени пет тони кокаин на брод

-luis-feliciano-on-unsplash
-luis-feliciano-on-unsplash

Во заедничка операција на португалската полиција, воената морнарица и военовоздухопловните сили конфискувани се околу пет тони кокаин, при што се приведени тројца странски државјани.

Дрогата е откриена на брод, што бил задржан на околу 640 наутички милји од Лисабон.

Не е објавена националноста на тројцата приведени.

Според португалските медиуми бродот на кој е откриена дрогата претходно се закотвил во Панама.

Поврзани вести