
Од Клиниката за радиотерапија и онкологија ја известуваат јавноста дека кај мал дел од препаратите кои се наоѓаат на позитивната листа на Фондот за здравствено осигурување било евидентирано краткотрајно доцнење во испораката, како последица на повеќе објективни околности, меѓу кои зголемената потрошувачка, зголемениот број пациенти, периодот меѓу две јавни набавки, како и делумниот недостиг кај дистрибутерите.
Со навремена институционална координација и во соработка со сите надлежни чинители, најголемиот дел од потребните препарати веќе се обезбедени и доставени на Клиниката, додека преостанатите количини се очекува да бидат достапни во текот на оваа недела.
Притоа, особено нагласуваме дека во ниту еден момент не беше доведен во прашање континуитетот на лекувањето, ниту квалитетот на здравствената грижа што им се обезбедува на пациентите.
Клиниката и понатаму останува доследно посветена на својата основна мисија — обезбедување навремена, континуирана и квалитетна здравствена заштита“, велат од Клиниката за радиотерапија и онкологија.

Македонски


