
Скопјанец загина откако го удри стебло при дива сеча на дрва во Струшко, а полицијата поднесе кривична пријава против лицето коешто го ангажирало работникот.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.М.(53) од струшкото село Мислодежда поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела Пустошење шуми и Непреземање мерки за заштита при работа.
„На 20.4.2026 година, без претходно добиено одобрение за сеча и спротивно на прописите од Законот за шуми, на туѓ недвижен имот во месноста Лениште, во атар на селото Мислодежда, тој без работен договор ангажирал работници и неовластено исекол 107 стебла буково дрво и три стебла габер или вкупно 31,9 кубни метри огревна дрвна маса. За време на сечата работникот Р.Д.(46) од Скопје бил удрен од дрво, по што починал во Општата болница во Струга. На местото на несреќата, увид извршиле ОЈО Струга во содејство со полициските екипи, Државниот трудов инспекторат, Државниот инспекторат за шумарство и Шумската полиција“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Македонски


