Skip to main content

Во хотел во Охрид пронајдена почината 53-годишна државјанка на Белорусија

Педесет и тригодишна државјанка на Република Белорусија е пронајдена почината во хотел во Охрид, информира Министерството за внатрешни работи.

Според полицијата, случајот бил пријавен денеска, 5 август, во 07:45 часот во СВР Охрид. Починатата е идентификувана како И.Т. (53).

Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош во Охрид, а по наредба на јавен обвинител ќе биде извршена обдукција за утврдување на причините за смртта.

Од МВР соопштија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани вести