
Вчера во 14:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 12:00 часот во двор од куќа во с.Сарај, скопско, сопственост на Н.С.(62), за време на семејна прослава, имало пукање со огнено оружје.
Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот и пронашле 23 испукани чаури од огнено оружје, кои се подигнати за понатамошна постапка. За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Вечерта, пак, во с.Бојане, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа М.Д.(35), по претходна пријава дека за време на семејна веселба пукал со гасен пиштол.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.

Македонски


