Skip to main content

На граничните премини се чека околу еден час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Поради зголемена фреквенција на возила времето на чекање на граничниот премин ГП Табановце за влез во земјата е околу 1 час, на ГП Богородица за излез од земјата околу 1 час, а на ГП Дојран за излез од земјата околу 1 час.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поврзани вести