Skip to main content
CzVb_J0_4vA

Видео од моментот кога два хеликоптера се судираат во воздух додека го гаснат големиот пожар во Грција

Двајца загинати и двајца спасени е билансот од несреќата со двата хеликоптера што се судрија во Грција за време на операција за гаснење на големиот шумски пожар во бизина на Псата во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а станува збор за изнајмени хеликоптери од типот „Бел“, како што соопштија од противпожарната служба на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Веднаш по сударот биле мобилизирани спасувачки екипи, а со операцијата на терен раководел началникот на противпожарна служба на Грција Теодорос Вајас.

Во двата хеликоптера беа вкупно четворица мажи, од кои двајца грчки и двајца странски државјани. Двајца од нив се пронајдени живи, додека двајца беа извлечени без знаци на живот и беа преземени од возила на итната медицинска помош, соопштија од противпожарната служба на Грција.

Тие додадоа дека двата изнајмени хеликоптери полетале од аеродромот Елефсина во близина на Атина, а надлежните органи ги истражуваат точните причини и околностите под кои се случила несреќата.

На социјалните мрежи во Грција беше објавено видео од моментот на сударот, на кое се гледа дека едниот од хеликоптерите веднаш по сударот се запали и падна во шумско подрачје.

Според неофицијалните информации на МИА пилотите и на двата хеликоптери се романски државјани, додека пак координаторите се Грци. 

Поврзани вести