Skip to main content

Почина Исмаил Бојда, почесен председател на Сојузот на Македонците со исламска религија

На 72- годишна возраст во Скопје почина Исмаил Боја, почесен председател на Сојузот на Македонците со исламска религија. 
 
-Со голема тага информираме дека почина нашиот почесен председател Исмаил Бојда. Изгубивме голем човек, патриот, другар и пријател. Целиот свој живот го посвети на заложбите за правата на Македонците кои припаѓаат на исламската религија и во тој контекст неговите дела ќе останат како пример за идните генерации како треба да сте Горд што му припаѓате на Македонскиот народ но и почестен и Горд што и припаѓате на Исламската религија, објави актуелниот претседател на СМИР, Љатиф Пајкоски.  

Залагајќи се за македонско единство тој често знаеше да каже :Суштинска е потребата од сплотување на Македонците, без разлика на нивната религија или место на живеење, посочува Пајкоски.
 
Исмаил Бојда по потекло беше од село Борје, Гора, Косово. Погребот е утре во Скопје каде живееше со семејството.