Skip to main content

Обид за убиство сред Струмица: Ја избодел по лицето поранешната сопруга сред кафана

архива Фејсбук/Пожарникари - Струмица

Во ПС Струмица, полициски службеници од СВР Струмица вчера извршија службен разговор со З.П. (37) од Струмица, постапувајќи по пријава дека на дента околу 12:40 часот, во угостителски објект во Струмица со остар предмет ја нападнал неговата поранешна 34-годишна сопруга и ѝ нанел повреда во пределот на лицето, по што се дал во бегство, но по кратко време самиот се пријавил во Полициската станица Струмица.

При извршено мерење со дрегер, утврдено е дека З.П. има 1,20 промили алкохол во организмот. 34-годишната жена е пренесена во Медицински центар Штип, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против З.П. поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело „убиство во обид, во врска со семејно насилство“ по член 123 став 2, а во врска член 19 од Кривичниот закон и денеска З.П. ќе биде изведен пред судија од Основен суд Струмица, соопшти денеска МВР.