Skip to main content

Министерството за здравство ќе спроведе вонреден надзор по случајот со 19-годишната пациентка парализирана по царски рез

Министерството за здравство внимателно го следи случајот со 19-годишната пациентка и е во постојана комуникација со надлежните здравствени установи.

Со цел целосно, објективно и стручно утврдување на сите околности поврзани со лекувањето на пациентката, Министерството издаде налог до Државниот санитарен и здравствен инспекторат да изврши вонреден инспекциски надзор.

По добивањето на инспекцискиот наод и целокупната медицинска документација, Министерството ќе иницира и стручен надзор над досегашниот тек на лекувањето и постапувањето на здравствените работници и установи вклучени во случајот.

Министерството апелира да не се изнесуваат предвремени заклучоци сè додека не завршат надлежните постапки. За утврдената фактичка состојба и за евентуалните натамошни мерки, јавноста ќе биде навремено и транспарентно информирана.

Поврзани вести