Skip to main content

Aхмети добил информации дека спремаат обвинение против УЧК во Хаг за воени злосторства

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во гостување на KohaCast, рече дека има информации дека има иницијативи во Уставниот суд за отворање на случаите на Хашкиот трибунал, имено обвинението против Националната ослободителна армија (УЧК), пренесува Телеграфи.

Ахмети рече дека ако се отворат стари рани, болката е поголема отколку кога се отвораат нови рани.

„Имам информации дека има иницијативи во Уставниот суд за отворање на случаите на Хашкиот трибунал за покренување обвинение против Националната ослободителна армија за воени злосторства.

Не дека ме плаши, но отворањето стари рани е поболно од отворањето нова рана.

Ова се случаи што ги затворивме пред повеќе од 20 години“, рече Ахмети.

Поврзани вести