Skip to main content

Хамас го услови Трамп: Предавањето на тешкото оружје зависи од повлекувањето на израелските сили од Газа

Палестинската вооружена група Хамас соопшти дека за првиот чекор за спроведување на договорот за етапно разоружување во Појасот Газа, претставен од американскиот претседател Доналд Трамп, неопходно е Израел да се обврзе дека ќе запре со убивање на Палестинци и ќе ги прекине нападите.

Хамас наведе дека предавањето на тешкото оружје е директно поврзано со условот Израел целосно да ги запре воените операции и да ги повлече своите сили од Појасот Газа.

Палестинската група не соопшти дополнителни детали за временската рамка или за механизмите за спроведување на евентуалното разоружување, но нагласи дека целосниот прекин на израелските воени дејствија е неопходен предуслов за какви било следни чекори.

Договорот за поетапно разоружување беше објавен како дел од пошироките меѓународни напори за ставање крај на конфликтот во Газа и за воспоставување нова безбедносна рамка во палестинската енклава.(МИА)

Поврзани вести