
Новиот фудбалер на МЛС екипата Интер Мајами, Бразилецот Касемиро истакна дека сè уште има желба да биде победник по неговиот трансфер како слободен агент. Воедно истакна дека му е чест да биде соиграч на Лионел Меси.
– Мојата намера да бидам најдобар и да победувам не исчезнала. Во фудбалот, не знаеме дали ќе победиме или ќе изгубиме, но мојата посветеност и работа ќе останат исти, изјави Каземиро.
Тој рече дека Мајами бил неговата претпочитана дестинација.
Каземиро веќе и го одигра првиот натпревар за Интер Мајами против Монтреал, а неговата екипа победи со 1:0. Овој викенд Интер Мајами игра против Колумбус.
Инаку, 34-годишниот фудбалер освои пет титули во Лигата на шампионите со Реал Мадрид, а подоцна со Манчестер Јунајтед ги освои Лига купот и ФА купот. Неговиот договор е до крајот на 2027 година, со можност за продолжување до јуни 2029 година

Македонски


