Skip to main content
KZu5C5FBDcE

До избори Ахмети ќе почне и Бисер балкански да ја пее за да го земат во влада

Лидерот на ДУИ Али Ахмети се пофали дека во Мала Речица до знмаето на Албанија го стаавил и македонското знаме.Ама дека му се јавиле дипломатите, Иначе тој никогаш не би го истакнал .Бравооо. Стварно е за пофалба да си го истакнеш знамето на сопственатата земја, онаа од која земаш пензија, плата, плаќаш даноци, добро кој како , земјата која ти пружила живот подобар од Албанија и Косово. На Али по се изгледа само адресата му е во Македонија. Срцето му е во роаминг. На ефтина тарифа, коментира авторот на ТВ Колумната “5 минути со Чавез“.

Ооо Али Македоништ. Респектој. Ооо Кинг. До избори ќе почне и Бисер Балкански да ја пее за да го земат во Влада. Немојте да се изненадите ако за Илинден или за 8 септемри почне да дели знамиња на плоштадот Скендербег. Само да не му го подметнат она со сонцето од Кутлеш, ќе си направи проблеми со Грците.

Водата во Гостивар и натаму е загадена. Засега можат само да искапат. Туширање туширање, кој ти дава. Министерот Тошковски го прашаа дали треба водоводите во Македонија да ги чува полицијата или војската. Вели дека не личи во мирнодопски услови полиција да ни ги чува изворите со чиста вода. Панче брат, се сложувам, ама знаејќи со кого си имаме работа, стави ти по некој полицаец да ги пази овие што мислат дека притисокот на водата се покачува ако се помеша со фекалии. За секој случај.


Молк кај албанските политичари, но и кај граѓаните Албанци . Што знам ако водата во Гоствар беше двојазична можеби ќе излезеа на улица да побараат оставка од градоначалникот Лимани. ќе имаше прес-конференции, четири соопштенија и пет европски претставници кои ќе сочуствуваа со маките на Албанџите кои имаат почуствителни стомаци од Македонците. Лабави се и во ДУИ. Еве на пример од партијата на Ахмети може да кажат каде се парите што уште пред четири години ги дала Швајцарија. Седум милиони евра за два големи резервовари за решавање на проблемот со водата во Гостивар.Ни резервоарите ги има, ни парите. Може и онаа Артана ако се викаше Билјана ќе бевте погласни. Вака ќутете си, малку дожд, малку хлор и до избори све ќе се заборави, Нема за едни фекалии да барате оставки. За правосудниот испит на албански јазик излеговте во Скопје на протест, Гостивар изгледа не ги интересира кога имаат свој градоначалник од своите редови. Има кој да се секира.

По Бугарија, и Грција реши да дава пасоши на Македонци. Навали народе. Кој се пише Грк одма добива пасош. Со грчки пасош и фрапето на плажа е послатко, се збори дека ќе има и попуст на шопинг во Солун. Знаејќи им го паметот на овие што земаа бугарски пасоши за да возат ефтини кршеви од коли , да работат на бауштела во Немачка и да мијат тањири во Мекдоналдс, нема да биде чудно ако одма се јават новите Македонци од онаа Македонија дека се асли Грци. Уште не ви е јасно зошто Грција одеднаш реши да дава пасоши на Македонци. Не од што не сакаат сигурно. Пред 15 години Македонците почнаа да си ги бараат имотите во Грција кои вредат неколку милијарди евра. Од Грција добија едно аврио за поздрав.

Сега условот да добијат пасош е истите тие луѓе да се пишат дека се Грци по род а не Македонци. Не знам кој би се пишал Грк… ама никогаш не се знае, пасош си е пасош, кој ќе мисли на патриотизам. А дека Грција сега е мирна во ЕУ бидејќи си ја имаат Бугарија ни порача и грчкиот европратеник Емануил Фрагкос кој јавно пред Европскиот парламент рече дека Грција никогаш нема да се согласи Македонија да влезе во ЕУ бидејќи сме им ја краделе историјата. За да не остане покуса се јави и бугарската претседателка Јотова која рече дека Бугарија нема намера да ги спроведува пресудите од Стазбур во врска со регистрација на ОМО Илинден Пирин која не може да се регистрира ни како невладина организација, а не пак како партија. А не се многу пресуди во корист на Македонците во Бугарија, 16. А како работат Бугарите покажуваат и оние дваесетина портали финансирани од исток со кои се врши пропаганда во Македонија. Главни теми се внесувањето на Бугарите во устав како и тоа дека Македонија ќе биде преземена од Албанците ако не се согласиме на бугарските уцени. Зад поголем дел од овие портали стои онаа будалетинка Виктор Стојанов на кој му е забранет влез во Македонија па ровари од Бугарија. Сега јасно ви е со кого си имаме работа. Обвинителството и полицијата веќе водат истрага и за чиста околина овие т.н медиуми мора да бидат затворени. Народ со вакви соседи треба да се плаши за својата иднина. Покрај вакви „пријатели“ не ни се потребни непријатели.

Поврзани вести