
Испораките на нафта за Романија драстично се намалени по прекинот на испораката од страна на Казахстан преку терминалот во руското пристаниште Новоросијск на Конзорциумот за касписки гасовод (CPC). По нападите на Украина врз танкерите што товарат казахстанска нафта во CPC, официјална Астана соопшти дека е „принудена да го запре“ транзитот на нафта преку цевководот CPC.
Казахстан, преку овој гасовод снабдува нешто повеќе од 50% од суровата нафта што се преработува во Романија, при што помалку од 30% доаѓа од домашни извори, а останатите приближно 20% од Азербејџан и Ирак.

Според романскиот медиум „Digi24“, романската влада најави дека ќе бара решенија доколку одлуката на Казахстан да го запре транспортот на сурова нафта преку цевководот CPC, поради безбедносната ситуација во Црното Море, има значително влијание врз цените на горивата.
Според романските власти, рафинеријата „Петромидија“, во сопственост на компанијата „Ромпетрол“, може да се соочи со намалување на производството од 10-15% во август. Ова ќе се случи ако испораките на нафта од Казахстан бидат суспендираат на подолг период и не се најдат алтернативи.
Засега, „Ромпетрол“ активно бара нови правци за снабдување за да ги минимизира негативните последици.
Иронијата е што Романија ја снабдува Украина со истото тоа преработено гориво и всушност е главен снабдувач на нафта за Украина, па Украина со нападите на Новоросијск практично го прекинува снабдувањето со гороиво од Романија.

Македонски



