Skip to main content

Деведесет јавни комунални претпријатија бараат струјата да ја плаќаат по повластена цена

Комуналните претпријатија бараат да склучуваат договор за снабдување со електрична енергија со ЕСМ по цена по која „ЕСМ продажба“ ја продава на универзалниот снабдувач со електрична енергија, односно цената која служи за снабдување на населението и малите потрошувачи

Деведесет јавни комунални претпријатија бараат да им се овозможи да плаќаат повластена цена на електрична енергија.

Во барањето испратено преку Здружение за даватели на комунални услуги – АДКОМ, јавните претпријатија велат дека во интерес на нивната ликвидност, а со тоа и во интерес на граѓаните е да плаќаат струја по единствена цена за киловат час.

Комуналните претпријатија бараат да склучуваат договор за снабдување со електрична енергија со ЕСМ по цена по која „ЕСМ продажба“ jа продава на универзалниот снабдувач со електрична енергија, односно цената која служи за снабдуванье на населението и малите потрошувачи.

Доколку не се превземат соодветни мерки може да се очекува нередовно водоснабдување на населението и пречистување на отпадните води, што во крајна линија ќе го загрози здравјето на населението во целата држава и ќе прдизвика несогледливи еколошки проблеми.

АДКОМ и 90 Јавни комунални претпријатија очекуваат и апелираат надлежните да ја разберат неопходноста и итноста на носење на ваква одлука, која, напоменуваме е од интерес на сите.

Според податоци од официјални извори, што ги посочуваат во соопштението, од АДКОМ велат дека ЈКП на годишно ниво трошат до 50 гигават-часови електрична енергија, што е само еден отсто од производството од домашни извори кое изнесува минимум 5 000 гигават-часови на годишно ниво.

„Финансиската импликација на енормно високата цена на електричната енергија е застрашувачка во однос на тековното работенье на претпријатијата. Помалку од 10 отсто од струјата што ја трошат претпријатијата отпаѓа на административни објекти, а повеке од 90 проценти од потрошената електрична енергија го опфаќа работењето на пумпните станици за питка вода, атмосферските и фекалните пумпни станици и на пречистителните станици за отпадни води“,додаваат од Здружението.

Оттаму велат дека доколку не се превземат соодветни мерки може да се очекува нередовно водоснабдување на населението и пречистување на отпадните води, што во крајна линија ќе го загрози здравјето на населението во целата држава и ќе прдизвика несогледливи еколошки проблеми.

АДКОМ и 90 Јавни комунални претпријатија очекуваат и апелираат надлежните да ја разберат неопходноста и итноста на носење на ваква одлука, за која, напоменуваат дека е од интерес на сите.

„Енергетската криза во 2022 година предизвика хаос, отежнување на работата и затвораье на многу препријатија. Jавните комунални претпријатија и покрај сите потешкотии и загуби кои беа направени во тој период, па се до денес, остануваат да работат во интерес на граѓаните. До кога не се знае“,додаваат од АДКОМ.

Поврзани вести