
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, ијави дека повеќе од 630 камиони со хуманитарна помош влегле во Појасот Газа на првиот ден од почетокот на прекинот на огнот.
Гутереш на седницата на Советот за безбедност соопшти дека камиони со помош се испратени на север од енклавата, каде што според ОН, постои закана од глад, пренесуваат британските медиуми.
Камионите влегле во Појасот Газа на првиот ден од договорот за прекин на огнот меѓу Израел и палестинската група Хамас, кој стапи на сила на 19 јануари.