Skip to main content

Овој дрес на Пеле вреди речиси пет милиони долари

 Дресот што бразилската фудбалска легенда Пеле го носеше во финалето на Светското првенство во 1958 година е продаден за 4,88 милиони долари на аукција во „Сотби“.

Бразил во финалето го совлада домаќинот Шведска со 5-2, а тогаш 17-годишниот Пеле постигна два гола и ја освои првата од трите светски титули во својата кариера.

Пеле по финалниот натпревар одигран на 29 јуни 1958 во Стокхолм му го подари дресот на соиграчот Диди, кој подоцна го донираше на Музејот на спортот во Рио де Жанеиро.

Првпат беше понуден на јавна продажба од аукциската куќа „Кристи“ во 2004 година и оттогаш повеќе од две децении не беше јавно изложуван.

„Овој дрес не е само траен потсетник на еден од најважните моменти во историјата на фудбалот, туку е поврзан и со моментот што го катапултираше Пеле во глобална спортска икона“, изјави раководителот на спортската стратегија и развој во „Сотби“, Брендан Хокс.

Поврзани вести