
Веќе неколку недели преку WhatsApp и други комуникациски канали се шират вознемирувачки снимки од понижување на малолетно девојче пред основно училиште во поширокото подрачје на Загреб. Инцидентот се случил на почетокот на јуни.
Во крајно одвратниот инцидент учествувале исклучиво девојчиња, поточно поголема група врснички, кои ја опколиле девојката и ја натерале да клечи на земја.
Извини што реков дека си невоспитана и што те навредував, вели девојчето од кое барале да им се извини, но тоа не им било доволно, па истата реченица морала да ја повтори неколку пати.
Потоа ѝ рекле дека „може да си оди“, а во истиот момент една од девојчињата што ја малтретирале ја плукнала.
За жал, тука приказната не завршила, бидејќи насилството продолжило и кога девојчето се обидело да го напушти училишниот двор.
Една од малолетничките тргнала по жртвата со изговор дека ќе ѝ „ја поправи трепката“, но на следното видео јасно се гледа како таа и уште едно девојче физички ја напаѓаат и ја влечат за коса и ја пцујат.
Загрепската полиција тврди дека уште истиот ден биле запознаени со настанот и веднаш започнале криминалистичка истрага, во која биле опфатени четири девојчиња.
За сè што било утврдено тогаш било известено Општинското кривично државно обвинителство во Загреб, како и Хрватскиот завод за социјална работа. Во продолжение на криминалистичката истрага, полициските службеници спровеле истрага и над уште четири девојчиња, по што со дополнување на посебниот извештај повторно го известиле Општинското кривично државно обвинителство во Загреб, како и надлежниот Хрватски завод за социјална работа – изјавија за „Јутарњи лист“.
Од основното училиште во чиј училишен двор се случило насилството, истакнуваат дека немаат информации за идентитетот на децата, но дека случајот на врсничко насилство го пријавиле до надлежните институции. Исто така, се случило една од девојчињата што учествувала во понижувањето на својата врсничка да ѝ се заканува на Хелена Анчиќ, претседателка на здружението „Родители за деца“, која на Фејсбук-страницата на здружението објавила детали за ужасниот настан во Сесвете.
Избриши го видеото што моите другарки ја натераа онаа девојка да клечи. Ќе те искршиме и тебе, ѝ напишала малолетничката во порака, за што е запознаена и полицијата.

Македонски



