
Австралиската вселенска агенција потврди дека соработува со локалните власти за да го утврди потеклото и природата на пронајдените предмети, за кои полицијата вели дека се сомнева дека содржат опасни хемикалии, пренесува Гардијан.
Предметите биле пронајдени на плажите во областа Форест Бич во Таунсвил и биле опишани како „големи метални сфери“.
Противпожарната служба на Квинсленд соопшти дека се пронајдени вкупно шест објекти, од кои повеќето биле безбедно обезбедени и преместени во контејнери.
Експертите, меѓу кои и вселенскиот археолог Алис Горман од Универзитетот Флиндерс, врз основа на достапните снимки проценија дека предметите би можеле да бидат садови под притисок од ракетни системи, познати како „вселенски топки“.
Таа изјави дека таквите делови често остануваат по лансирањето на ракетите и можат да содржат остатоци од екстремно токсично гориво, како што е хидразинот.
Горман додаде дека предметите би можеле да потекнуваат од ракетни системи што користат слични компоненти, вклучувајќи ги и руските системи за лансирање, но нагласи дека сè уште се разгледуваат други можности, вклучително и потекло што не е вселенско.
Експертите проценуваат дека десетици илјади парчиња вселенски отпад моментално кружат околу Земјата, кои повремено повторно влегуваат во атмосферата и можат да завршат на копно или во океанот.
The national security room is overseeing an investigation in North Queensland after mysterious canisters washed up on a secluded beach near Ingham. While initially thought to be harmless space junk there are fears it's more sinister as authorities try to work out where it came… pic.twitter.com/QAK3ci4m5s
— 7NEWS Queensland (@7NewsBrisbane) July 4, 2026
Полицијата изјави дека во моментов нема опасност за локалната заедница и дека не спроведуваат кривична истрага, но предупреди дека во наредните денови би можеле да се појават повеќе слични предмети.
Според извештаите на Австралиската вселенска агенција, станува збор за потенцијален вселенски отпад кој се анализира за да се утврди неговото потекло.
Извор: МКД.мк

Македонски



