
Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ е нов кошаркар на Арис, објави во средата вечер клубот од Атина.Дваесетиосумгодишниот Димитријевиќ дојде во Арис од Баерн Минхен, а со грчкиот клуб потпиша двегодишен договор.
Македонскиот плејмејкер минатата сезона во Евролигата имаше просек од 11 поени, 4,1 асистенции и 2,3 скокови.
Претходно, Димитријевиќ настапува за Зенит од Санкт Петербург, Олимпија од Милано, Уникс од Казан, Валенсија и Хувентуд.
Во претстојната сезона, Арис ќе игра во Еврокупот, под водство на тренерот Василис Спанулис

Македонски


