Skip to main content

Кризниот штаб и екипите на јавните претпријатија се на терен по силното невреме во Скопје

Поради силното невреме кое во текот на денешниот ден го зафати Скопје, Кризниот штаб на Град Скопје, заедно со службите и јавните претпријатија, е целосно мобилизиран и подготвен за брза интервенција на терен, доколку има штети, поплави или потреба од итна реакција, соопшти предмалку скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, додавајќи дека се во постојана координација со ЦУК, МВР, ЕВН, Противпожарната бригада на Град Скопје и сите надлежни институции.

Сите капацитети се ставени во функција, со една цел навремена заштита на граѓаните и спречување на поголеми последици. Екипите на Град Скопје ќе бидат на располагање во текот на целата ноќ и ќе интервенираат секаде каде што ќе биде потребно. Не можеме да го запреме невремето, но можеме организирано, одговорно и заеднички да спречиме поголеми штети. Ги повикувам граѓаните на внимателност, смиреност и соработка со надлежните служби. Службите се на терен. Граѓаните не се сами, порача Ѓорѓиевски.

Поврзани вести