Skip to main content

Кавадарчанец загина откако со камионот паднал во провалија, тим на „Тигрите“ го извлекуваше

архива

Кавадаречки камионџија загина во тешка работна несреќа. Како што соопшти МВР, вчера во СВР Велес е пријавено дека околу 13:00 часот во близина на село Мрежичко, кавадаречко, при истовар на земја од товарно возило „ман“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од И.К.(56) од Кавадарци, возилото се превртело и паднало во провалија.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал И.К., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кавадарци.

Од страна на алпинистички тим од Специјалната антитерористичка едница „Тигар“, ОВР Кавадарци и Територијалната противпожарна единица Кавадарци, телото на починатиот и возилото биле извлечени од провалијата и по наредба на јавен обвинител телото било предадено за обдукција во Институт за судска медицина Скопје. Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кавадарци, соопшти МВР.

Поврзани вести