Skip to main content

Мицкоски нема да се кандидира за претседател на државата, побара опозицијата да го поддржи носењето на Изборниот законик

Нама да се кандидирам на претседателски избори во 2029 година, изјави денеска македонскиот премиер Христијан Мицкоски. За време на престојот во скопската општина Кисела Вода тој, одговарајќи на новинарски прашања врзани за носењето на Изборниот законик, рече дека планира враќање во својата матична установа Машински факултет.

-Нема да се кандидирам на претседателските избори 2029 година туку ќе се вратам на Факултетот. Немам амбиција да се кандидирам на претседателските избори ниту имам таква желба – рече премиерот.

Поврзани вести