Skip to main content

Aнисомова: Mногу сум возбудена

Третиот Гренд слем турнир во годината Вимблдон стартува со денешната програма и мечевите во првата рунда во двете поединечни конкуренции. За Македонија ова е за првпат во тениската историја да има претставник во сингл конкуренција Лина Ѓорческа во првото коло.

–  Бев возбудена што се вратив и очигледно имав многу спомени од минатата година. Повеќе позитивни отколку негативни. Мислам, учеството во моето прво финале на Гренд слем беше многу посебно. Бев навистина среќна што се вратив и имам многу прекрасни спомени. Навистина е убаво да се биде тука. Освен што се пласирав во финалето, мислам дека секој што доаѓа на Вимблдон и излегува да тренира за прв пат, се чувствува одлично и е чест и привилегија да се биде тука и да се натпреварува. Значи, да, многу сум возбудена, изјави на прес-конференција ланската финалистка на Вимблдон Американката Аманда Анисимова.

Мечот Ѓорческа – Анисимова ќе се игра на теренот број 2 утре (вторник) и е прв според програмата и почнува во 12 часот по македонско време

Поврзани вести