Skip to main content

Македонската двојка Ивановски – Хусеиновиќ избори полуфинале во Загреб

Македонската комбинација Калин Ивановски и Амар Хусеиновиќ забележаа победа на денешниот четврт-финален дуел на М25 турнирот во Загреб, триумфирајќи над Пјотр Галус (Полска) и Факундо Тумоса (Аргентина) со 2-0 во сетови (6-4, 6-4) за 75 минути игра.

Во првиот сет македонските тенисери направија брејк во 9. гем и поведоа со 6:4, а во вториот сет дојдоа до брејк во 5. гем за водство од 3:2 во гемови.

Противници во полуфиналето ќе им бидат победниците од мечот меѓу Саба Пурцеладзе (Грузија) и Павлос Циципас (Грција) против Петрос Циципас (Грција) и Елефтериос Неос (Кипар).

Утре четвртфиналните мечеви во поединечна конкуренција ќе ги играат Ивановски против третиот носител Хавиер Баранко Косано од Шпанија, кој со 2-0 во сетови го победи квалификантот Дориан Трембле (Франција). Македонскиот репрезентативец и првиот носител Олег Приходко ќе игра против Гркот Димитрис Сакеларидис, кој со 2-1 во сетови го совлада Грузиецот Саба Пурцеладзе.

Поврзани вести