
Жозе Мурињо се врати во редовите на Реал Мадрид. Но, додека спортскиот свет ја чека негавата рва прес-конференција за „кралскиот клуб“, закажана за 13 јули, кога почнуваат предсезонските подготовки со Реал Мадрид, португалскиот менаџер ги изнесе своите првични размислувања за овој втор мандат како тренер на мадриѓаните во долго интервју за „Венити фер“.
Мурињо истакнува дека во Мадрид се враќа со ветувања „Сакам да го направам Мбапе уште подобар“ и со малку посрдечен тон од неговиот претходен престој во клубот.
Никогаш не сакав да бидам поважен од моите играчи, не бев и не сакам да бидам“, вели Мурињо.
Прашан за мотивациите за овој втор мандат, Му е дава директен одговор.
Го сакам Реал Мадрид, затоа се враќам“, вели Мурињо.
Тој наведува дека го прави тоа со помалку агресивен пристап отколку порано.
Сега е време да останеме смирени, да анализираме, да комуницираме, да поставуваме прашања и да воспоставиме течен и искрен дијалог“, објаснува тој.

Во интервјуто, Мурињо го брани својот стил од првиот период, за кој во тоа време беше обвинуван дека е премногу конзервативен.
Тимот што постигна најмногу голови во историјата на шпанскиот фудбал беше мојот Реал Мадрид… Дали тој тим беше навистина толку дефанзивен?“, инсистира Мурињо.
Во новиот тим на Реал Мадрид што го пречекува Мурињо, Португалецот ќе соработува со еден од најдобрите напаѓчи на денешницата, Килијан Мбапе.
Килијан? Морам да го видам со свои очи, бидејќи она што го знам сега е она што го прочитав во медиумите… Треба да ги запознаам играчите. Тој е феноменален играч и ќе се обидам да му помогнам да стане уште подобар“, вели Мурињо.

Македонски



