
– Најдобриот аргентински фудбалер, 39-годишниот Лионел Меси откри колку долго планира да игра фудбал.
Меси денес наполни 39 години.
– Дали планирам да играм уште неколку години? Да, да. Ќе играм уште некое време, сè додека можам да бидам корисен, сè додека се чувствувам добро физички и им помагам на моите соиграчи… Ќе продолжам да играм, изјави Меси во интервју за новинарот Фабрицио Романо.
За време на групната фаза на Светското првенство во 2026 година, Меси постигна хет-трик против Алжир (3:0) и два гола против Австрија (2:0), помагајќи ѝ на Аргентина да се пласира во нокаут фазата на турнирот.
Аргентина на 28 јуни ќе игра против Јордан во нивниот последен натпревар од групната фаза на Мундијалот 2026

Македонски



