Skip to main content

Јелена Јованова и Гораст Цветковски ќе бидат Лефти и Рајти

Харизматичата Јелена Јованова ќе се појави како блузичката Лефти во анимираниот краток филм „Лефти и Рајти си најдоа дом”. Таа во моментов има природна возбуда кон анимираниот филм за деца, бидејќи и самата е мајка на две дечиња со кои постојано читаат сликовници и гледаат интересни цртани филмови.

Анимиран македонски филм за деца е реткост, а да се биде дел од такво дело е секогаш благородно и служи на многу генерации.” – изјави Јелена

„Како актер, во мојата досегашна кариера сум бил сѐ и сешто, но имам две работи кои посебно посакувам да ги изиграм. Едната е принц, а другата е панталони. И ете, 50% ќе ми се исполнат набрзо, додава Гораст, кој има дијапазон од ангажмани од театар, филм, видео игрици и сега е на ред анимиран детски филм.

Лефти и Рајти е во режија на Илија Тодоровски, во продукција на зАнимација продукција, а во копродукција на „Minya Film i Animacija“ од Хрватска. Приказната и ликовите се според сликовниците Лефти и Рајти, на Наташа Дукоска, која е и сценарист. Поддржан е од Агенција за филм, и од Хрватскиот Аудиовизуелен Центар (HAVC).