
На селекторот на Англија, Томас Тухел, не му се допаѓаат паузите за хидрација на натпреварите на Светското фудбалско првенство 2026.
Германецот смета дека паузите го менуваат текот на натпреварот.
– Мислам дека овие паузи го менуваат текот на натпреварот многу повеќе отколку што очекував. Претходно имаше паузи за вода кога беше навистина жешко и неопходно, но тие беа куси и се случуваа само на неколку натпревари. Во интерес на фер игра, сега тие се прават на секој натпревар за секој тим. Практично променет е текот на натпреварот и сега тој не е две полувремиња, туку четири четвртини. Генерално, мислам дека повеќе уживам во фудбалот кога натпреварот се играше без вакви паузи. Тоа е дел од играта. Тешко е да се изгради моментум и тешко е да се одржи кога има паузи од три минути, изјави Тухел за „Би-би-си“.
Англија вечер од 22 часот ќе се соочи со Гана во второто коло од Л-групата на Мундијалот 2026. з

Македонски



