Skip to main content

Бериша ги поддржа протестите и бара „неполитичка техничка влада за да се врати слободното гласање”

Фејсбук профил на Сали Бериша

Претседателот на Демократската партија, Сали Бериша, денеска ги поздрави масовните протести одржани во Тирана за време на викендот против проектот „Зврнец“ и барањето за оставка на премиерот Еди Рама,  на кој присуствуваа и голем број Албанци од дијаспората.

Според Бериша, тоа било „најмоќното мирно востание или најмоќниот мирен протест познат во историјата, кој може да се нарече викенд на дијаспората“.

Бериша нагласи дека „манифестацијата и епската опсада на епицентарот на криминалот ( владата) е историско достигнување, и става крај  на безнадежното владеење на Еди Рама и неговата мафија во Албанија”.

Во попладневната реакција лидерот на ДП повика на оставка од премиерот Еди Рама и создавање неполитичка техничка влада за враќање на слободни избори.

Значи, протестот на речиси половина милион Албанци во саботата докажува дека нема сила на светот што би го спасила Еди Рама. Затоа, уште еднаш барам негова итна оставка. Создавање на привремена влада не од политички сили, туку составена од експерти и одговорни луѓе кои ќе ја вратат Албанија и Албанците на слободно гласање и ќе ги натераат да ги изберат луѓето што ги сакаат со своите гласови, рече Бериша.

Тој ги повика членовите и симпатизерите на Демократската партија да учествуваат на протестите, но не го коментираше повикот на демонстрантите “Бериша во затвор”. 

Поврзани вести