Најмалку 23 лица се убиени во појасот Газа во изминатите 24 часа, соопшти денеска Министерството за здравство на палестинската територија под контрола на Хамас.
Бројот на загинати од почетокот на израелската војна против Хамас е 46.899, соопшти Министерството, еден ден пред да стапи во сила договорот за прекин на огнот.
Најмалку 110.725 луѓе се ранети во Појасот Газа од почетокот на војната на 7 октомври 2023 година.