
Сенатот на САД го потврди генерал, Ерик Вендт за амбасадор во Албанија. Вендт доби 51 глас „за“ и 47 „против“ во Сенатот, со што официјално е потврден за неговата дипломатска функција.
Гласањето на Вендт на пленарната седница следува по неговото одобрување на почетокот на овој месец од страна на Комитетот за надворешни односи на Сенатот, каде доби поддршка од мнозинството членови, откако во април беше предложен од претседателот Доналд Трамп.
Со гласањето во Сенатот, потврдата на Вендт за амбасадор на САД во Албанија е завршена и се очекува тој да ја преземе функцијата во наредните денови.
Тој е пензионира генерал со три ѕвезди во армијата на Соединетите американски аржави со над 34 години служба а ја преземе дипломатската функција во време од големо значење за односите меѓу САД и Албанија, особено во областите на безбедноста, инвестициите и евроатлантската соработка.
Во своето излагање, Вендт нагласил дека главните приоритети на неговиот мандат во Тирана ќе бидат борбата против корупцијата и организираниот криминал, зајакнувањето на военото партнерство меѓу двете земји, поддршката на сајбер-безбедноста и создавањето поповолна клима за американски инвестиции во Албанија.
Во американската армија бил од 1986 година. Од 1991 година, тој е дел од специјалните сили „Зелени беретки“, градејќи силен профил како офицер за специјални операции. Во ноември 2017 година, ја преземал функцијата координатор за безбедност на САД за Израел и палестинската самоуправа, играјќи клучна улога во координирањето на безбедносните прашања во регионот.
Зборува арапски и корејски јазик и е одликуван со голем број меѓународни и воени одликувања. Дипломирал на Универзитетот во Калифорнија, Санта Барбара и завршил постдипломски студии по национална безбедност на поморската постдипломска школа.
Тој доаѓа на местото на амбасадорката Јури Ким, која ја напушти Албанија на почетокот на 2023 година. Пред две години, номинацијата на дипломатот Дејвид Џ. Костеланчик за функцијата амбасадор на САД во Албанија „не успеа“ откако неколку републикански сенатори гласаа против. Моментно вршител на должноста американски амбасадор во Тирана е Ненси Ван Хорн.

Македонски



