Skip to main content

Избрани нови претседатели на општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ

На денешната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се донесени кадровски решенија за повеќе од 30 претседатели на општинските комитети, соопшти Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ. 

 -Дел од назначените претседатели се докажани искусни кадри кои со своето работење имаат придонесено за развој на локалната заедница од каде потекнуваат, а дел од нив се нови лица кои ќе донесат свежина во средината и нови успеси за општинските комитети, објави 4news.mk ВМРО-ДПМНЕ со новите кадровски решенија продолжува со подобрувањето на животот на граѓаните, на локално и централно ниво, се вели во соопштението.

Во продолжение имињата на новите претседатели на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ: 

ИЕ4

  1. Росоман – Ѓорѓи Крстевски
  2. Демир Капија – Андон Дрнев
  3. Неготино – Павлинче Честојнова
  4. Кавадарци – Тони Нешковски
  5. Гевгелија – Димитар Вегов
  6. Валандово – Јулија Тушевска
  7. Богданци – Марјан Пеев
  8. Дојран – Илија Тентов
  9. Струмица – Методија Пасков
  10. Босилово – Мито Андонов
  11. Ново Село – Петар Марков
  12. Василево – Славе Андонов
  13. Конче – Ацо Митев
  14. Радовиш – Бојан Митевски
  15. Могила – Драганчо Саботковски
  16. Кривогаштани – Александар Богданоски

ИЕ5

  1. Демир Хисар – Ненад Шундовски
  2.  Долнени – Сашко Велјановски
  3.  Крушево – Пеце Стојчески
  4.  Ресен – Кире Божиновски
  5.  Охрид – Сашо Донев
  6.  Дебарца – Златко Силјановски
  7.  Струга – Ален Деребан
  8.  Вевчани – Ѓорѓи Влајнкиноски
  9.  Дебар – Афет Амедоски
  10. Центар Жупа – Денис Хасан
  11. Маврово и Ростуше – Мевмед Џафери
  12. Пласница – Луме Адемоглу
  13. Боговиње – Алишериф Синани.

Поврзани вести