
Ансамблот за народни песни и ора „Орце Николов“ денеска ќе ја реализира првата дигитална изложба на фотографии под наслов „Во ритамот на народот“ во комплексот Македонско село.
Изложбата ќе биде проследена со кратки видеа кои ја доловуваат богатата традиција и културното наследство на народот. Посетителите ќе имаат можност, покрај дигиталната презентација, да уживаат и во живи изведби.
Членовите од првиот ансамбл на „Орце Николов“ ќе приредат ревија со настапи од различни етнографски целини, овозможувајќи автентично искуство на македонската народна култура.
Проектот е финансиски поддржан од Министерството за култура и туризам.

Македонски


