Skip to main content

Лишен од слобода маж од скопско, кој пукал кон соселанец и му нанел повреда

Фото: Freepik

Полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров, денеска го лишиле од слобода Г.А. (43) од село Шишево, скопско, по пријава дека пукал со огнено оружје кон соселанец и му нанел повреда.

Како што информираат од МВР, денеска околу 16:10 часот И.Ш. од село Шишево пријавил дека на влезот во селото бил пресретнат од Г.А. и С.А., по што Г.А. извадил пиштол и испукал кон него. Притоа, пријавителот се здобил со повреда во пределот на увото.

Полициските службеници по пријавата презеле мерки и го лишиле од слобода лицето Г.А..

По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани вести