Skip to main content

Кочани домаќин на 30. Медикал опен тениски турнир

На тениските терени на Тенискиот клуб „Аква тен”  во Кочани, денеска и утре се одржува јубилејниот 30. Медикал опен тениски турнир, во организација на Лекарската комора на Македонија.

Турнирот е традиционален и ги обединува докторите и медицинските работници од земјава, кои преку спортот и дружењето ја негуваат меѓусебната соработка и го промовираат здрав начин на живот.

Во текот на дводневната спортска манифестација, учесниците ќе се натпреваруваат во повеќе категории, а организаторите очекуваат успешна реализација на јубилејното издание на Медикал опен.