Skip to main content

Изгоре камион на патот Струмица-Валандово

Камион се запали на регионалниот пат Струмица – Валандово, поради што сообраќајот се одвиваше отежнато.

Како што информираат струмичките пожарникари, вчера во 14.20 часот, на регионалниот пат Струмица-Валандово, ТППЕ Струмица со две противпожарни возила и пет пожарникари-спасители интервенираше на гаснење на запалена приколка од камион.

Пожарот е целосно изгаснат за кратко време после пристигнувањето на лице место, соопштија од ТППЕ Струмица.