Skip to main content

Руската противвоздушна одбрана пресретна 86 дронови над Санкт Петербург

Гувернерот на Ленинградската област, Александар Дрозденко изјави дека руската противвоздушна одбрана синоќа пресретнала 86 дронови над Санкт Петербург.

Поради нападите меѓународниот аеродром Пулково во Санкт Петербург привремено ги откажа летовите.

Во среда, на отворањето на форумот во Санкт Петербург, украински дронови погодија нафтена рафинерија и воен објект.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека синоќа пресретнати се вкупно 376 украински беспилотни летала. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека осум беспилотни летала биле соборени додека се движеле кон градот.

Поврзани вести