
Полициски службеници од СВР Куманово извршиле службен разговор со четири лица од Куманово, кои се сомничат дека од угостителски објект на улицата Гоце Делчев одзеле поголем број маси и столови.
Вчера во периодот од 11:00 до 13:00 часот во СВР Куманово, полициски службеници извршија службен разговор со Е.Љ.(22), В.Б.(19), Љ.А.(23) и 17-годишник, сите од Куманово. Тие се сомничат дека, со употреба на сила влегле во угостителски објект на улица „Гоце Делчев“ во Куманово и одзеле поголем број маси и столови. Е.Љ.(22), В.Б.(19), Љ.А.(23) и 17-годишникот во разговорот го признале делото – информира денеска Министерството за внатрешни работи.
Од МВР посочуваат дека одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот и најавуваат дека по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонски


